Спорт

Серие А: Фантастични голови на Пјаниќ, Ернанес и Видал

Серие А: Фантастични голови на Пјаниќ, Ернанес и Видал

Екипите на Јувентус и Рома продолжуваат со добрите игри откако забележаа победи и во четвртото коло од новата сезона.

Јувентус на домашен терен беше подобар од Чезена со рутински 3:0. Играч на натпреварот беше Артуро Видал кој постигна два гола.

Првиот гол Чилеанецот го постигна во 18-тата минута од пенал за водство од 1:0, а истиот играч со прекрасен удар од дваесетина метри му донесе водство од 2:0 на Јувентус. Конечните 3:0 ги постави дефанзивецот Лихштајнер на пет минути до крајот на мечот.

Рома исто така го задржа максималниот учинок во новата сезона, откако на „Енио Тардини“ со 2:1 ја совлада Парма. Избраниците на тренерот Руди Гарсија поведоа со голот на Љајиќ во 27-та минута, а по десетина минути игра во вториот дел Парма израмни на 1:1 преку Де Чеље. Победата на Рома и ја донесе Миралем Пјаниќ со прекрасен гол од слободен удар во 88-та минута.