Серија земјотреси ја погодија Албанија

Серија земјотреси регистрирани во Албанија.

Вчера во земјата беа регистрирани уште шест земјотреси со интензитет од два до 4,1 степен според Рихтеровата скала.

Земјотресите не предизвикаа материјална штета, но граѓаните вчера и денеска не престојуваа во домовите поради страв од нови посилни потреси.

По вчерашниот земјотрес со интензитет од 5,2 степени со епицентар во близина на градот Балш во централна Албанија, беа оштетени голем број куќи, а престојувањето во нив е опасно.