Сериски педофил изградил подземен град за злоупотреба на деца

Белгискиот сериски педофил Марк Дитро кој е обвинет за сексуална злоупотреба и убиство на неколку девојчиња планирал прво да киднапира голем број деца а потоа да создаде „подземен град каде ќе преовладуваат доброто, хармонијата и безбедноста“, вели адвокатот на убиецот за локалните медиуми, пренесува Раша Тудеј.

Белгискиот неделник Соар Маг разговарал со адвокатото на педофилот, кој го предводел случајот од 1996-тата до 2003-тата. Жулиен Пјер открил детали од разговорите со обвинетиот убиец.

Дали забележавте дека никој не праша зошто ја избрав токму таа куќа? Идејата ми беше да изведам масовни киднапирања на деца а потоа да создадам по моја мерка, еден вид подземен град каде доброто, хармонијата и безбедноста ќе преовладуваат, му рекол Дитро на адвокатот.

pedofil-2

Дитро кој во моментов има 59 години киднапирал, измачувал и сексуално злоупотребил 6 девојчиња на возраст од 8 до 19 години во периодот од 1995 до 1996-тата година. Наводно жртвите ги врзал со синџири за кревети во неговата куќа. Подоцна беше откриено дека неговата сопруга Мишел Мартин знаела се за злосторствата.

И двајцата имале долга историја на обвиненија. Во доцните 80-ти години Дитро и Мартин биле уапсени за киднапирање и силување на пет девојчиња. Подоцна биле ослободени за добро однесување.

Дитро за случајот од 90-тите ја доби максималната казна, доживотен затвор, додека неговата сопруга за која се докажало дека била соучесничка добила 30 години затвор. Мартин беше ослободена во 2012-тата откако отслужи само 13 години затвор. Нејзиното ослободување предизвика низа протести низ Белгија.