четврток, 20 јули 2017  |  Вести денес: 47

Шешељ: Идејата за Голема Србија е бесмртна

Воислав Шешељ по ослободителната пресуда на Хашкиот трибунал изјави дека судиите ја донеле единствената можна пресуда од правен аспект. Лидерот на Српската радикална партија одржа прес-конференција во Белград на која истакна дека во Хаг се појавиле двајца чесни судии, кои држат до честа и професионалната етика, пренесе МИА.

sheshelj-pres

Поврзани вести

Воислав Шешељ по ослободителната пресуда на Хашкиот трибунал изјави дека судиите ја донеле единствената можна пресуда од правен аспект. Лидерот на Српската радикална партија одржа прес-конференција во Белград на која истакна дека во Хаг се појавиле двајца чесни судии, кои држат до честа и професионалната етика, пренесе МИА.

Овој пат се појавија двајца судии, чесни луѓе, кои покажаа дека професионалноста, честа и образот се над секој политички притисок. Ја донесоа еднинствената вистинска пресуда. Изразувам големо жалење што моите блиски пријатели Милан Мартиќ во заробеништво, Здравко Толимир, кој е погубен, Радован Караџиќ и многу други немаа чесни судии, бидејќи и тие ќе беа ослободени. Мојот став кон Хаг како антисрпски суд не се смени, во оној момент кога заминав за Хаг знаев дека ништо нема да можат да докажат, таму демантирав се, рече Шешељ.

Оние кои не бомбардираа, од нас не можат да очекуваат дека ќе им бидеме пријатели. Идејата за голема Србија е подеднакво силна и со мене и без мене, јас дадов само мал придонес со моите ангажмани, додаде тој.

Новинарите го потсетија Шешељ дека изјавил оти идејата за голема Србија ќе биде подолговечна, колку што ќе биде поголема неговата казна.

Со оглед дека сте ослободени, дали тоа значи дека идејата за голема Србија умре?, прашаа новинарите.

Шешељ истакна дека идејата за голема Србија е бесмртна и дека тој е само мал дел во таа идеја, потенцирајќи го својот придонес за неа.

Шешељ истакна дека уште во 2012 година побарал отштета во износ од 12 милиони евра и додаде дека би можел сега да побара и поголема отштета. Тој сепак напомена дека нема да ја тужи Србија, што го испорачала во Хаг.

Меѓународниот трибунал нема никаква правна смисла и тој е инструмент на Западот, додаде Шешељ.

Според него пресудата е важна поради тоа што е оспорено здруженото злосторничко движење, решена е вината за почетокот на граѓанската војна во Југославија и за сторените кривични дела.

Шешељ е ослободен денеска од сите точки по обвинението за воени злосторства во Хрватска, Војводина и Босна и Херцеговина.

Најчитани вести