петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 53

Шешељ откри како се излекувал од ракот и го сподели рецептот

Применив повеќе видови алтернативно лекување. Не користев масло од канабис, иако бев склон и тоа да го пробам. Но, по совет на мојот лекар Милован Бојовиќ не го сторив тоа. Не сум против тоа, дури јавно се заложив да се дозволи таа метода на лекување, рече лидерот на СРС и откри како се лекувал.

sheshelj-1

Поврзани вести

Применив повеќе видови алтернативно лекување. Не користев масло од канабис, иако бев склон и тоа да го пробам. Но, по совет на мојот лекар Милован Бојовиќ не го сторив тоа. Не сум против тоа, дури јавно се заложив да се дозволи таа метода на лекување, рече лидерот на СРС и откри како се лекувал.

Лидерот на Српската радикална странка Војислав Шешељ во инетрвју за „Лични став“ објасни како го победил ракот и го откри рецептот за „магичната напивка“ која што, како што тој самиот тврди, го препородила!

Додека тој бил во Хаг секојдневно пристигнуваа информации за неговата здравствена состојба, односно дека се бори за живот, а некои дури и тврдеа дека „деновите му се одброени“.

Јас за малку ќе умрев поради проблемите со срцето и сега имам вграден дефибрилатор со пејсмејкер. Сега срцето ми е санирано. Ќе ви дадам целосна информација. Имав рак на дебелото црево и бев опериран. Настапија метастазите, беше пробиен ѕидот на цревата и метастазите почнаа да се шират на црниот дроб, ми извадија 20 лимфни јазли од тоа 4 или 5 не беа зафатени со метастаза.

Што се однесува до црниот дроб јас одбив да примам хемотерапија во Хаг. Ја примив еднаш и потоа наместо да одам на сонце и да се дружам со останатите да го поправам расположението. Во Хаг ме затворија во некој бункер и ме држеа изолиран цела недела, поради тоа и одбив да одам на хемотерапија. Откако одбив лекарите проценија дека метастазите на црниот дроб брзо ќе се развиваат и дека до јули ќе умрам. Тоа можеби беше една од причините зошто ме исфрлија од Хаг. Јас овде почнав да се лекувам како со конвенционални така и со алтернативни методи, а што повеќе даде придонес тоа неможам да ви кажам. Последниот пат кога бев на преглед беше утврдено дека метастазите не се зголемиле, едната е 5 милиметри, а другата 9, рече Шешељ.

Лидерот на радикалите откри кои алтернативни видови на лекување ги користел:

Применив повеќе видови алтернативно лекување. Не користев масло од канабис, иако бев склон и тоа да го пробам. Но, по совет на мојот лекар Милован Бојовиќ не го сторив тоа. Не сум против тоа, дури јавно се заложив да се дозволи таа метода на лекување.

Секое утро сеуште земам 3-4 голтки сок од сибирска аронија. Секое утро пијам 2 дл сок од цвекло, морков, магданос, целер и јаблко. Потоа земав сушени семки од кајсија, па земав и витамин Б17, тоа е цијанид или се заснова на цијанид во количини што не се доволни за да го убијат човекот, а тој многу полесно ги убива болните клетки зафатени со карцином во организмот. Тој витамин го земам на пример 100 дена, па потоа правам пауза и пак од почеток.

Најчитани вести