Балкан

Шешељ повикува на протести против ЕУ и НАТО

Шешељ повикува на протести против ЕУ и НАТО

Претседателот на српските радикали Војислав Шешељ ги повика граѓаните на утрешниот митинг со којшто СРС ќе ја одбележи годишнината од бомбардирањата на НАТО, јавува Б92.

Тој најави дека на китингот ќе биде исразен протест против режимот на Александар Вучиќ, но и за пресудата во Хаг за Радован Караџиќ.

Тој на конференцијата за новинари најави дека радикалите по митингот ќе прошетаат по главните градски улици во центарот на Белград.

Утре во 17 часот на Трг Републике на годишнината од злокобната пролет во 1999-та година и почетокот на варварското НАТО бомбардирање врз Србија СРС ќе држи митинг. Тоа е израз на нашиот протест за драконската пресуда што во Хаг му ја одредија на Караџиќ, но и митинг за непомирувањето со режимот на СНС, со ориентацијата на Александар Вучиќ кон ЕУ и НАТО, рече тој.