Шешељ го запали хрватското знаме во Белград (ФОТО)

Шешељ го запали хрватското знаме
Шешељ го запали хрватското знаме

Голем број на полициски службеници се обидуваат да воведат ред против нервозните приврзаници на Српската радикална партија и нејзиниот лидер Воислав Шешељ, кои се собраа во Белград, како реакција на одбележувањето на воената акција „Бура“ и протерувањето на над 220.000 краински Срби. Пред хрватската амбасада во Белград завладеа хаос.

Шешељ пред толпата го запали хрватското државно знаме, пренесува српски Блиц.

Полицијата не му дозволи на Шешељ да одржи говор пред Хрватската амбасада
Полицијата не му дозволи на Шешељ да одржи говор пред Хрватската амбасада

Полицијата не му дозволи на Шешељ да одржи говор на страната на улицата во која е зградата на хрватската амбасада во Белград.

Браќа и сестри Срби, 20 години во Белград постои амбасадата на Хрватска- усташката држава. Лажна држава бидејќи повеќе од 900 години не беа во состојба да направат вистинска држава, рече Шешељ пред насобраните.

Сообраќајот на улицата во која се наоѓа амбасадата е запрен, а полициски кордон не им дозволува на следбениците на радикалите да дојдат до зградата.

Хрватска: Политичари навредувани и исвиркани во Книн за јубилејот на „Бура“

Хрватските граѓани присутни на свеченоста по повод 20 годишнината од воената операција „Бура“ го исвиркале целиот државен врв на Хрватска присутен на свеченоста во Книн, освен оние политичари кои доаѓаат од редовите на партијатаХДЗ, објавува порталот Индекс.

– Организацијата е хаотична. Доопуштено им е на присутните граѓани да навалат врз политичарите. Се’ изгледа како панаѓур. Се исвиркуваат сите кои не се од ХДЗ, освен Милан Бандиќ, градоначалникот на Загреб. Тој и претседаелот на ХДЗ, Томислав Карамарко, добија громогласен аплауз.

Најобожувана е Колинда Грабар Китаровиќ, претседтаелот на Хрватска. Сите се туркаат да бидат до неа, да ја допрат. Но, освен овие тројца, сите останати политичари се најгрубо исвиркани и навредувани. Во целиот тој хасо, никој не обрнува внимание на воените ветерани, се вели во текстот.

Хрватска денес слави 20 години од воената операција „Бура“, Денот на победата и Денот на хрватските бранители.