Сеск Фабрегас достапен за 40 мил. фунти

Близок извор до таборот на каталонскиот гигант Барселона ја пласираше сензационалната информација дека актуелниот шампион на Шпанија е во потрага по купец кој ќе одвои сериозна парична сума за услугите на одличниот играч за врска, Сеск Фабрегас.

Поранешниот капитен на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, речиси цела сезона игра под очекуваното ниво, а во изминатиот период, натпреварите ги започнува од клупата за резервни фудбалери.

„Фабрегас беше ангажиран како наследник на Чави, но на сите ни е јасно дека Сеск не можа да го замени легендарниот фудбалер на Барселона. Клупските челници не се задоволи од неговиот ефект, не игра на потребното ниво, не ги исполни големите очекувања. Ретко се запишува во листата на стрелци, нема доволно асистенции, а ретко им помага и на дефанзивците. Можно е да биде продаден за време на летниот преоден рок, но заинтересираниот клуб мора да испрати официјална понуда не помала од 40 мил. фунти”, изјави анонимниот извор.

Ваквата информација со голема радост е прифатена од челниците на Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити кои веднаш се подготвени да одвојат околу 40 мил. фунти за услугите на одличниот играч за врка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.