Шеснаест клубови веќе се пласираа за следната фаза во Лига Европа

По одигрувањето на комплетното петто коло во Лига Европа во четвртокот вечерта, познати се 16 клубови кои имаат обезбедено пласман во нокаут фазата од ова второ според квалитетот континентално натпреварување.

Пласман во шеснаесетфиналето обезбедија Виљареал (А група), Динамо Киев, Партизан (Б група), Брага (Ц група), Милан (Д група), Атланта, Олимпик Лион (Е група), СБ (Стеауа), Викторија Плзен (Г група), Арсенал (Х група), Салцбург (И група), Остерсунд (Ј група), Лацио, Ница (К група), Зенит и Реал Сосиедад (Л група).

Од 12-те групи останати се уште осум празни места, додека другите осум до 32-та тима за 1/16 финалето ќе ги пополнат третопласираните екипи од групите од Лигата на шампионите.

Сите екипи кои ќе настапуваат во првата нок аут фаза од Лига Европа ќе бидат познати по одигрувањето на натпреварите од последното 6. коло кое е предвидено за 7-ми декември.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.