Шест Бугари осомничени за криумчарење мигранти

 

Бугарската полиција разби криминална група осомничена за криумчарење стотици бегалци преку Балканот кон западна Европа и уапси седум лица, јавува Б92.

Околу 40 мигранти кои пристигнале од Турција и сакале да го продолжат патот кон Србија биле приведени во текот на повеќе рации во градовите во јужна и западна Бугарија, наведува полицијата.

Меѓу уапсените се и шест Бугари и еден Авганистанец кој живее во Бугарија и тие се обвинети за криумчарење луѓе. Таа криминална мрежа е активна од јануари минатата година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.