Шест години затвор за Кочан, три години за Авировиќ во „Труст“

Сеад Кочан за кривично дело „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“, во Основниот суд Скопје 1 е неправосилно осуден на казна затвор од години во предметот на СЈО „Труст“.

Василије Авировиќ, кој не дојде на изрекување на пресудата со образложение дека не се чувствувал добро, за истото дело судијката Лидија Зимбовска го осуди на години затвор.

Тројцата се осудени за добивање на незаконски тендер од 2011 година распишан од државната фирма „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) за ископување јаловина и јаглен од рудникот Суводол во Битола. Здружени во конзорциум, тројцата доставиле фалсификувани документи за сопственост на механизација и за кадровска екипираност и така го добиле тендерот на ЕЛЕМ вреден 1,06 милијарди денари или 17.235.772 евра.

Во „Труст“ беа обвинети и три правни и три физички лица. Станува збор за фирмите „Трансмет“ од Скопје, „Силекс“ од Кратово и „Вато“ од Студеничани.

Тие на тендерот на ЕЛЕМ му доставиле лажна документација во која прикажале наводна сопственост на тешка механизација за ископување, која ја немале и не ја набавиле, а таа што ја имале била со помал капацитет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.