Шест илјади евра одземени од возило пред Клиниката за онкологија

Во кругот на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, пред Клиниката за онкологија, ноќта кон неделата околу 2,30 часот непознат сторител извршил кражба во патничко возило со германски национални ознаки.

Сторителот го отворил возилото и одзел два куфера, 6.000 евра и патна исправа на име А.Б.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.