Шест лица од Македонија и Србија уапсени за најголемата лабораторија за дрога на Балканот

Шест лица од Македонија и Србија се уапсени во заедничката операција на полициите на двете земји ноќта кон петокот, а со поддршка на американската Агенција за броба против наркотиците (DEA) на подрачјето на Тетово, во разбивање криминална група и откривање на најголемата лабораторија за производство на синтентичка дрога на Балканот.

„Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција со заеднички истражен тим од Србија во координарани активности со DEA спроведе меѓународно криминалистичко истражување, со цел сузбивање на организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија, производство и продажба на дрога“, рече во петокот на прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Прецизираше дека биле извршени се претреси на две локации во Тетово и пет локации во Скопје, а оти лабораторијата била откриена во Тетово.

Како што информираше Спасовски, откриена е досега најголемата количина синтетичка дрога на просторот на Балканот, а доколку се потврдат првичните процени ќе биде и една од најголемите заплени во меѓународни рамки.

Според првичните сознанија, во лабораторијата сместена во куќа во Тетово се откриени над 125 килограми синтетичка дрога. Станува збор за најмалку 500 илјади таблети синтетичка дрога, чијашто вредност е проценета на повеќе од 2,5 милиони евра.

Продолжуваат активностите во рамки на операцијата, и како што информира Спасовски, МВР следните денови ќе ја информира јавноста за сите нови моменти од истражната постапка, како и за процесуирањето на инволвираните лица.

Српската новинска агенција Танјуг претходно јави дека меѓу уапсените е и организаторот на групата Милан Зарубица.

Потпретседателот на Владата и министер за внатрешни работи на Србија Неб“, рече ојша Стефановиќ по повод заедничката акција на српската и македонската полиција истакна дека ова е еден од најдобрите резултати во запленување на синтетички дроги.

„Многу е добро што е уапсен Милан Зарубица, бидејќи тој се смета за еден од најголемите креатори на синтетички дроги, а на овие простори беше познат по оваа активност и порано“, рече Стефановиќ.

Според српскиот министер, оваа запленета синтетичка дрога е многу важна бидејќи станува збор за капдагон, нова синтетичка дрога која е омилена и кај борците на Исламската држава.