Шест малку чудни совети за брак

Кога двојките се венчаваат се надеваат дека ќе останат заедно се додека смртта не ги раздели. Но статистиката вели дека 50 отсто од брачните двојки се разведуваат. Како да останете поврзани, да ја одржите својата љубов и преживеете се што животот носи со себе? Следните совети се невообиачени и изгледаат дури и контрадикторно, но ако ги следите ќе бидете интимни и ќе го чувствувате бракот.

Не спијте во ист кревет

Во принцип е добро да спиете во ист кревет, но не секогаш. На некои двојки креветот им е воена зона. Еден сака да спие во студена, друг во топла соба. Еден сака да спие во потполна темница и тишина, додека друг на светло и со музика. Во овој случај, најдобро решение е да спиете одвоено. Најважно е да се наспиете отколку да спиете заедно и да се будите секој час.

Поминете некое време одвоени

Најголем дел од нас мислат дека е важно да поминуваме многу време со партнерот ако сакаме врската да ни биде цврста. Тоа е и точно. Сепак, важно е да поминеме некое време одвоени. Кога не сте заедно, имате шанса да работите на себе и да си удоволувате. Покрај тоа партнерот ви недостатсува кога не е до вас и така ја јакнете љубовта. Останете во контакт по пораки, меил и телефон.

Редовно карајте се

Конфликтите се неизбежни. Можете да бегате од нив, но тие имаат и добри страни ако умеете да ги искористете продуктивно. Убаво обратете се еден кон друг. Здравата кавга подразбира три работи, морате да ги разбирате потребите на својот партнер, морате да го изрзите своето мислење и тој мора да ве слуша и морате да ги испеглате недоразбирањата поради кои кавгата започнала.

Не излегувајте

Поточно, не излегувајте само за да се каже дека сте излегле. Ако во текот на излегувањето молчите или пак се карате, подобро е да останете дома и таму ги решите проблемите. Кога ќе излезете треба да се опуштите, да флертувате, да се чувствувате убаво.Присетете се на старите времиња, фантазирајте за иднината, шепотете за тоа што би сакале да си правите еден на друг.

Сексот не е здрав

Сексот не е здрав ако тоа е единствен начин да бидете интимни. Сексот би требало да биде дел од вашата интимност, покрај разговорите, разменување на идеи, интересни заеднички активности и слично. Не очекувајте дека сексот ќе ги пополни сите празнини ако водите потполно одвоени животи. За заеднички живот потребна е духовна, емотивна, интелектуална интимност покрај физичката.

Аферата е ОК

Аферите се опасни по бракот, бидејќи партнерите ја губат довербата. Сепак аферата не мора да доведе до развод. Истата може да придонесе да го разбуди детето во вас, може да ве врати кон партнерот и да ја зајакне вашата поврзаност. Ако и двајцата партнери сакаат да работат на бракот, се може да се реши.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.