Шест намирници кои треба да ги избегнувате наутро

Квалитетниот појадок е клучен за вашето здравје, затоа е исклучително битно кои намирници ги бирате за појадок.

Некои намирници можат да делуваат прилично негативно и да направат да се чувствувате уморно, тешко, исцрпено, без енергија.

Ви носиме листа од шест намирници кои би требало да ги избегнувате наутро:

Сланина, шунка и колбаси

Голем број луѓе обожуваат да појадуваат сендвичи со споменатите масни преработени продукти несвесни дка тие намирници се на листата на 10 најголеми прехрамбени убијци, бидејќи го зголемуваат ризикот за заболување од рак. Знаеме дека акате мео, но можеби е време да го промените режимот на исхрана. Барем наутро.

Снегулки

Не се сите житарки исти. Голем број од нив содржат шеќери и премногу јаглени хидрати, а кога ги јадете нивото на шеќер во вашата крв се зголемува. Бидејќи не сакате вишокот енергија да го потрошите на самиот почеток на денот, најдобро е да ги одберете оние житалки кои имаат целулоза и протеини.

Крофни и пецива од пекара

Не само што се направени од бело брашно, туку имаат и голема доза шеќер, а тоа е најлош избор за наутро, бидејќи рапидно го зголемува нивото на шеќер во крвта. А тоа значи дека набрзо повторно ќе бидете гладни, а плус и го зголемувате ризикот од дијабетес и вишок килограми. Меѓу отанатото, голем број научници се убедени дека шеќерот и карциномот се поврзани.

Купечки сендвичи

Голем број купечки сендвичи содржи конзерванси и натриум. Во овој случај наша препорака е сами да си направите сендвич.

Овошен јогурт

Овој јогурт има неколку стотини калории и содржи засладувачи и хемикалии, па подобро е да ги прескокнете и да изберете обичен јогурт.

Мафини

Паѓаат во најкалоричната храна која може да ја одберете за појафок. Тие се микс од бело брашно, масло, шеќер и путер. Избегнувајте ги!