Шест повредени во налет на возило на пешаци во Германија

Шест лица се повредени во налет на автомобил во градот Куксхафен, во сојузната држава Долна Саксонија, а според првите сознанија станува збор за намера на возачот, соопшти локалната полиција.

Според податоците на полицијата, 29-годишниот маж во автомобил, „очигледно во алкохолизирана состојба“, од засега непознати причини влетал во група пешаци.

„Притоа најмалку четири лица се сериозно повредени, а уште две минаа со помали повреди“, се вели во полициското соопштение.

Возачот е приведен за да ги разјасни околностите на инцидентот, а повредените се превезени во болница за укажување медицинска по ош.

„Првичните индикации укажуваат дека возачот намерно налетал на пешаците. Полициската истрага, којашто веќе започна, продолжува и натаму“, се истакнува во соопштението.

Полицијата, исто така, објави на Twitter дека не постојат показатели дека станува збор за терористички напад.

Во пресрет на божикните празници во Германија се преземаат безбедносни мерки за спречување на можни терористички напади со возила. Германија беше цел на неколку исламистички напади во текот на минатата 2016 година, вклучително и оној во Берлин кога ланскиот декември Тунижанец уби полски возач на камион а потоа со возилото уби уште 11 лица влетувајќи во толпа на божикен саем