четврток, 17 август 2017  |  Вести денес: 47

Шест повредени во осум сообраќајки вчера во Скопје

soobrakajka

Поврзани вести

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје се случиле осум сообраќајни незгоди од кои во шест со полесни повреди се здобиле шест лица, а две поминале само со материјална штета.

Во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција откриени се 33 возачи што се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, двајца возачи што поминале на црвено светло на семафорот и пет возачи што ги управувале своите возила без возачка дозвола, односно нерегистрирани.

Санкционирани се и 45 непрописно паркирани возила, како и 17 пешаци што поминале вон обележан пешачки премин, односно на црвено светло на семафорот за пешаци.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 63 возила.

Најчитани вести