Шест ситуации во кои тој ќе одбие секс

Не е вистина дека мажите никогаш не одбиваат секс… Во овие ситуации ќе одбие секс со вас без оглед на тоа колку го привлекувате.

Премногу зборување во текот на предиграта

Притоа не мислиме на „валкани“ зборови кои мажите ги сакаат, туку на зборување за се и за сешто. што нема врска со она што се случува во моментот – за вашите родители, за работата, за колешката која ве нервирала и слично. Предигра е она што води до вистинската акција, а брборењето ја уништува што значи дека никогаш нема да дојде до главниот дел, барем не ако ја прашате машката популација.

Зборување за „бившиот“

Тој е потполно свесен дека имате минато, но последното што сака да го слуша пред сексот се приказните за неговиот претходник. Ако веќе имате потреба да зборувате на таа тема, тогаш не го правете тоа пред сексот.

Изгледате незаинтересирано

Му дадовте зелено светло за акција но само за да не ви приговара. Со други зборови, не ви е до секс, но знаете дека не можете да го одбивате секоја вечер. Ако веќе сте рекле „да“, тогаш навистина не е во ред на сите можни начини да му покажувате дека повеќе би сакале да спиете отколку да водите љубов. Верувајте, тој тоа го забележува.

Вие сте пијани, а тој е трезен

Кога сте двајцата под дејство на алкохол, ништо не изгледа чудно, но кога е тој трезен а вие не, некои работи кои вам нема да ви изгледаат чудни, нему би можеле да му бидат многу чудни. Подобро почекајте некоја следна пригода.

Не ги сфатил вашите секси сигнали

Ако е тоа случај, мажите едногласно порачуваат- кажете ни јасно и гласно што сакате, без срам, затоа што понекогаш не можеме да забележиме дури и очигледни нешта. Не се повлекувајте за да размислувате зошто не сме сакале секс.

Тој е под голем стрес

Не е дека не ве посакува, но моментално има во главата 100 поважни работи и едноставно не е расположен за секс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.