Шест тајни на сексот

Секоја мистерија е тука за да биде разрешена, па така и сексот. За него се заинтересирани оние кои уживаат во него, но и научниците кои што сакаат да ни ги приближат неговите скриени аспекти. Ви преставуваме што е откриено до сега.

1. Сексот е добар за вас
Како што изјавил Арнолд Шварценегер, најдобрата активност за вашето здравје е сексот. На повеќе начини, ова е вистина, сигурниот секс има многу здравствени придобивки. Оние кои што имаат секс еднаш или два пати во текот на седмицата, имаат повисоко ниво на имуноглобулини, антитела кои штитат од респираторни заболувања, како настинка и грип.

2. Сексот помага да се вљубите
Луѓето се вљубуваат кога расте нивото на допамин во нивниот мозок. Лачењето на оваа супстанца може да се поттикне на два начина, со секс и со некоја возбудлива активност, на пример банџи џампинг, лет со хеликоптер, па дури и качување на дрво. Од вас зависи што ќе одберете.

3. Сексот има свое време
Нашите тела за секс се најрасположени наутро. Веројатно прво што ќе помислите е ерекцијата на вашиот партнер која ја има во утринските часови, но постои посигурен доказ за претходново тврдење. Тестостеронот кај мажите најмногу се лачи наутро, тогаш расте нивната сексуална желба, па сексот со партнерот е најдобар начин за да се започне денот.

6-tajni-na-seksot-2

4. Мажите уживаат повеќе
Интересно е што ова не е нова дилема. Во грчката митологија постои приказна дека Хера му се пожалила на Зевс дека при водењето љубов тој повеќе уживал од неа. Хера веројатно ја зборувала вистината. Истражувањето покажало дека девет од десет мажи за време на сексот доживуваат оргазам, додека за време на сексуалната активност оргазам доживуваат помалку од половина жени.

5. Носот има клучна улога
Убавината не е во очите, туку во носот.  Одредени луѓе не привлекуваат бидејќи произведуваат силни мириси. Лачењето пот ги опушта феромоните кои го откриваат нашиот тип на имуниот систем. Ако имуниот систем на личноста од нашата близина е спротивен на нашиот, тоа ќе не привлече.

6. Сексот има тајни сигнали
Понекогаш не е лесно да се прочитаат сексуалните намери на луѓето. Но, невербалната комуникација е тука за да ни помогне. Кога жената сака секс со маж кого не го познава доволно, таа долго ќе го гледа во очите и усните. Доколку пак жената или мажот ги прекрстат рацете или погледот им е отсутен, тоа е знак дека не се заинтересирани за секс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.