вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 60

Шест знаци дека сте зависник од секс

Без оглед на тоа дали вишокот на сексуален апетит може да се смета за нарушување или не, постојат одредени карактеристики кои се заеднички за луѓето со нездрави сексуални желби.

dryzheskii_sex

Поврзани вести

Без оглед на тоа дали вишокот на сексуален апетит може да се смета за нарушување или не, постојат одредени карактеристики кои се заеднички за луѓето со нездрави сексуални желби.

Зависноста од секс е една од темите што често не се земаат сериозно во предвид, и за кое што со презир се вели дека е измислена состојба.

Без оглед на тоа дали вишокот на сексуалната страст може да се смета за нарушување или не, постојат одредени карактеристики кои се заеднички за луѓе со нездрави сексуални желби или како што британски Сан ги нарекува – сексуални зависници.

Еве шест карактеристики на зависниците од секс, но тие не се задолжителни кај таквите лица.

Карактеристика 1: Користење на сексот како оружје

Кога сексот станува алатка, начин на одмазда, за изедначување на сметката со партнерот или со некоја друга личност, тоа е главниот знак дека на сексот не гледате само како на задоволство, туку како на оружје за извршување на вашите цели.

Карактеристика 2: Користење на секс за смирување на негативните емоции

Некои луѓе гледаат на сексот, како на начин за смирување или некој вид на седатив, односно бегство од секојдневниот живот. Единствениот начин да се биде среќен е преку сексот и чувството што тој го буди, што често е неправедно кон партнерот.

Карактеристика 3: Сексот како средство за будење емоции

Сексот може да биде единствениот начин на кој некои поединци се чувствуваат живи или со кое што искусуваат емоции што за мнозинството се секојдневни и нормални. Тоа е зависност од страст, каде што потрагата по нови сексуални искуства се споредува со најголемиот успех во животот.

Карактеристика 4: Возбуда поради ризикот

За некои луѓе, сексот е неважечки ако нема одредена доза ризик што доаѓа во форма на изневерување на партнерот, секс со странци, секс без кондом, па дури и намерно зголемување на веројатноста за бременост.

Карактеристика 5: Таен сексуален живот

Ако вашите сексуални искуства не ги делите ниту со своите најблиски пријатели, постои шанса дека сте свесни за потенцијалниот срам и презир. Со текот на времето, тајната станува се поголема и потешка за чување.

Карактеристика 6: Плаќање

Ако плаќате за сексуални услуги, тоа не само што е нелегално, но, исто така, можеби е истовремено и најдобриот знак дека сте кандидат за дијагноза на зависници од секс. Што е плаќањето поголеми и повеќе ризично во смисла на тоа дека ги трошите парите што ги имате, проблемот станува појасен.

Најчитани вести