четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 43

Шест знаци дека тој само си поигрува со вас

Во случај да не сте сигурни на што сте, еве шест знаци што сигурно откриваат дека тој само си поигрува со вас...

nesrekjen-vrska-1

Поврзани вести

Еден ден се е совршено: се допишувате цело време, вечерта излегувате, но другиот ден него го нема да ви се јави. Дури по неколку дена го гледате неговиот број на телефонот со изговор од типот „немав време, извини“.

Во случај да не сте сигурни на што сте, еве шест знаци што сигурно откриваат дека тој само си поигрува со вас…

  1. Тој исчезнува

Еден ден се е совршено: се допишувате цело време, вечерта излегувате, но другиот ден него го нема да ви се јави. Дури по неколку дена го гледате неговиот број на телефонот со изговор од типот „немав време, извини“. Исто така, потребна му е цела вечност за да ви одговори на повикот или на пораката.

  1. Избегнува интимност

Сексот е супер. Но, ако тој неможе да  ве прегрне додека гледате филм, туку по секој физички допир следува вистинска порно акција, тоа воопшто не е добро. Барем не за вас.

  1. Неговите пријатели незнаат дека постоите

Не само што не ве запознал со нив, туку они незнаат ниту дека се гледате веќе некое време.

  1. Го нема кога ви е најпотребен

Кога има време и волја за дружење, секогаш ќе се јави. Кога ви треба услуга или раме за плачење целосно е недостапен.

  1. Неговите зборови не соодветствуваат со тоа што го прави

Без разлика дали сакате да признаете или не, делата говорат повеќе од зборовите. Дури и ако подоцна ве уверува дека сето тоа погрешно сте го сфатиле, а тој и понатаму не се однесува онака кон вас како што вие мислите дека заслужувате,  време е само да продолжите понатаму и да не се вртите наназад.

  1. Тоа чудно чувство

Можеби со него ви е добро, но вие и понатаму чувствувате дека нешто не е како што треба… Тоа чувство ретко греши.

Најчитани вести