Шесте лаги на Кери Бредшоу

Илјадници жени пораснаа со четирите грации од Њујорк и нивните несекојдневни случувања. За многумина во одредени фази од животот пример беше токму колумнистката Кери која и сосема не беше искрена. Еве ги најголемите лаги на популарната Кери од серијата „Сексот и градот“ во кои речиси никој не верува.

  1. Толку лесно можете да запознаете мажи во Њујорк.


Вистината не е толку симпатична. Имено поголемиот број слободни жени го поминуваат времето во потрага за квалитетен примерок на спротивниот пол со кого би можеле да одат на состанок. Ако дојде до втор состанок, тоа би можело да се спореди со помала добивка на лото.

  1. Сосема е во ред парите за кирија да ги потрошите на чевли


Не сме сосема сигурни дека сите изнајмувачи на станови би имале разбирање за нечија опсесија со дизајнерски чевли.

  1. Можно е да пронајдете и да си дозволите стан на Апер Ист Сајд со огромни гардаробери и многу простор


Да, ако не ви пречи да живеет со уште тројца цимери и повремено да ве посетуваат животни што жив веат во канализација.

  1. Зошто да користите јавен превоз кога имате такси!


Немојте да се изненадите, но возењето со такси се наплаќа и тоа како! Големи се шансите една колумнистка во Њујорк баш како и останатите смртници да се поти во метро чекајќи го следниот воз.

  1. Трчање низ градот во високи потпетици


Ако барем еднаш сте се обиделе да го изведете ова, знаете дека се работи за невозможна мисија. Посебно ако тоа го правите секојдневно…

  1. Порадо ќе ги потрошите парите на модно списание отколку на храна…


– Дали!?