Шестгодишник и тројца возрасни настрадаа на патот Штип-Делчево

Вкупно четири лица, меѓу кои и шестгодишно дете се повредени во сообраќајна несреќа којашто се случила во четвртокот вечерта на магистралниот пат Штип-Делчево кај место Голем брег.

Несреќата се случила во атарот на селото Тркање, синоќа во 20,40 часот, кога автомобил „ситроен“ со кочански регистарски ознаки управувано од 36-годишниот И.М. од Кочани во кое како сопатник било шестгодишно дете и трактор „масеј фергусон“, исто така, со кочански регистарски ознаки управуван од 35-годишниот О.С. со сопатничка 57-годишната Б.С., двајцата од кочанското село Тркање.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Б.С. додека со телесни повреди се здобиле О.С., И.М. и шестгодишното дете.

На повредените им била укажана лекарска помош во Здравствен дом Кочани. Извршен е увид на местото на настанот.