Шестмина повредени во сообраќајка во Скопје

сообраќајка

Како што информираат од СВР Скопје, сообраќајката се случила меѓу патничките возило „Ауди А6“, управувано од В.Д. (1945) од Скопје, „Мерцедес Ц 200“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.К. (1981) од Скопје,  „Опел астра“ со скопски таблички, управувано од Д.С. (1991) и возило „Фиат Линеа“ со струшки регистарски ознаки управувано од Љ.У. (1989).

По сообраќајната незгода возачите В.Д и С.К. со возило на Брза помош биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, Љ.У. и неговиот сопатник А.Т (1994) од Скопје во клиниката „Свети Наум Охридски“, а Д.С. и сопатничката О.Ц. (1991) Скопје во Ургентен центар. Кај О.Ц. се констатирани тешки телесни повреди, фрактура на вратен пршлен. На натамошно лекување се задржани и возачите С.К. и Д.С., кој е препратен на Очната клиника, додека В.Д., Љ.У и А.Т, кај кои имало телесни повреди  се пуштени на домашно лекување.