Сеул испрати инспекции во шест банки поради криптовалутите

Јужнокорејските финансиски власти објавија во понеделникот дека испратиле инспекција во шест банки кои на институциите им нудат сметки во виртуелни валути, во заднината на стравувањата дека нивното засилено користење може да поттикне бран финансиски криминал/.

Заедничките инспекции на Комисијата за финансиски услуги (FSC)и Финансиската супервизорска служба (FSS) проверуваат дали банките го почитуваат законот за борба против перењето пари и дали користат вистински имиња за сметките, изјави на прес-конференција претседателот на FSC, Чои Јонг-ку, пренесува Reuters.

Банките „Banke NH Bank“, „Industrial Bank of Korea“, „Shinhan Bank“, „Kookmin Bank“, „Woori Bank“ и „Korea Development Bank“, отвориле сметки за виртуелни валути на клиенти кои со нив тргуваат, а инспекциите треба да им понудат насоки и не се испратени поради прекршоци, истакнал Чои.

„Виртуелните валути засега не функционираат како средство за плаќање и се користат во незаконски цели, како што е перењето пари, организирани и измами на инвеститори. Пропратните ефекти се сериозни и доведуваа до проблеми со хакирања во институциите кои се занимаваат со криптовалутите и несразмерно зачестени шпекуалции“, додал корејскиот финансиски функционер.

Портпаролката на „Woori Bank“ изјавила за Reuters дека го пополнуваат прашалникот кој им го дале инспекторите. Според неа, оваа банка во декември престанала да дава услуги врзани со виртуелните сметки поради претераните трошоци за користење на системот трансакции базирани на вистински имиња.

Функционерот наFSC истакнал, пак, дека властите настојуваат да ја утврдуваат и можноста од намалување на ризикот кој со себе го носи тргувањето со виртуелни валути, вклучително и затворањето на банките.

 

Јужна Кореа се претвори во центар за тргување со криптовалути и на оваа земја денес отпаѓаат 20 отсто од светските трансакции со биткоинот. Тоа е десет пати повеќе отколку уделот на Јужна Кореја во светската економија. Се проценува дека околу милион граѓани на Јужна Кореја, многумина меѓу нив и мали инвеститори, поседуваат биткоини а побарувачката е толку голема што цените се за околу 20 отсто повисоки отколку во САД, кои се најголемиот пазар за оваа криптовалута.

Владините функционери изразуваат загриженост поради шпекулации. Гувернерот на централната банка предупреди минатата седмица на „ирационалното растење“ на тргувањето со виртуелните валути. Претходно во средината на декември Јужна Кореја им забрани на финансиските институции тргување со виртуелните валути како што е биткоинот, чијашто вредност во последниот период ја катапултираше бранот шпекулативни купувања на малите вложувачи, меѓу кои многумина се токму од оваа азиска земја.

Во декември, исто така, платформата за тргување со виртуелните валути Youbit престана да работи, барајќи заштита од доверителите по двата случаи на хакирања