Сеуште нема фотографии од наодите во Амфиполис

Катерина Перистери која ги предводи истражувањата во гробницата Амфиполис, излезе на прес конференција да ги соопшти податоците од истражувањата. Грик рипортерс пишува дека на прашањето за деталите околу монетите, Перистери изјавила дека тие во моментов се обработуваат, а најголема тензија во амфитеатарот на Министерството за култура настанала на крајот на презентацијата, во моментот кога новинарите се пожалиле дека Перистери не покажува никакви слики од човечките остатоци кои се пронајдени во гробницата, со објаснување дека е поважно да се заштити скелетот од тоа да се направат добри фотографии.

Во меѓуврме претставници на грчкото Министерство за култура нагласуваат дека ова е последна прес конференција во однос на ископувањата, затоа што научниците веќе се подготвени да отпочнат со истражувањата.

Перистери направи посебен осврт на наоѓањето на колонадите.  Исто така, таа нагласува дека за време на ископувањата археолозите пронашле повеќе монети од периодот на Александар Македонски, нешто што досега е спомнато во неколку наврати.

Грик рипортерс пишува дека на прашањето за деталите околу монетите, Перистери изјавила дека тие во моментов се обработуваат, а најголема тензија во амфитеатарот на Министерството за култура настанала на крајот на презентацијата, во моментот кога новинарите се пожалиле дека Перистери не покажува никакви слики од човечките остатоци кои се пронајдени во гробницата, со објаснување дека е поважно да се заштити скелетот од тоа да се направат добри фотографии.

За време на неговиот говор архитектот Михаил Лефанцис изјавил дека грчките букви Е и А кои биле пронајдени на надворешниот дел од гробницата се типичпни за овој период од историјата и дека тие не се иницијали, туку се поврзуваат со изградбата на објектот.

Понатаму тој вели дека голем број мермерни скулптури биле преместени од локалитетот, со што е предизвикана голема штета. Најголем дел од овие скулптури биле користени за изградба на брани во реката Струма како и за други градби.