Сеуште активен пожарот во централна Грција

Се уште гори шумскиот пожар кој избувна во саботата во Дервенохорија, централна Грција.

Во гаснењето на огнената стихија учествуваат 65 противпожарни возила, околу 300 пожарникари, 30 војници, пет канадери и четири хеликоптери.

Противпожарната служба соопшти дека иако теренот е тешко достапен, условите за гаснење денеска се подобири затоа што во областа не дува ветар.

Пожарот засега не претставува опасност за населени места.