Севастопољ: Проруските сили заземале воена база

Проруските сили заземале украинска воена база на Крим. Новинската агенција Ројтерс јавува дека проруските сили ја зазела базата Јухарнји без ниту еден испукан крушум.

Украинските медиуми јавуваат дека дел од украинските војници се сокриле во бункер и дека нема повредени.

Според руската новинска агенција Интерфакс, проруските сили со камион ја пробиле оградата на базата во близина на Севастопољ во која се наоѓале стотина украински војници. По заземњето на базата побарано е Украинците да се предадат.