Севе го запозна синот Aлександар со вереникот

Пејачката Северина Вучковиќ најверојатно на крај повторно ќе стане српска снаа, пишува српски „Блиц“.

Добро е познато дека таа е во врска со 15 години помладиот Игор Којиќ (28) и дека оваа љубов ја прифатија и неговите родители.

Дека намерите на Севе со Игор се сериозни потврдува и фактот што таа неодамна го запознала синот Александар со нејзиниот вереник.

– На сите им беше јасно дека Северина навистина е многу вљубена во него и таа тоа јавно го призна. Тој е навистина важен во нејзиниот живот, а редно е еден важен маж да го запознае и другиот многу важен маж, како што вели таа „човекот на нејзиниот живот“, синот Александар – откриваат добро известени извори за „Блиц“.