Северина и Игор го одредија датумот на венчавката

Северина и Игор конечно го одредија датумот и местото на нивната венчавка. Пред неколку дена таблоидите пишуваа дека Северина е во потрага по совршен фустан, а сега се појавија информации дека конечно е одреден датумот и местото на нивната венчавка.

Церемонијата е закажана за Белград, во третата сабота во ноември.

Северина и Игор го одредија датумот на венчавката
Северина и Игор го одредија датумот на венчавката

Минатата среда се започна со правењето на списоците на гостите, кои имаа само 48 часа да го потврдат доаѓањето на свадбата, па потоа поканите заминаа на печатење.

Северина и Игор долго размислуваа за локацијата. Бели Двор на Дедиње беше изборот и на двете семејства. Никој незнае зошто Северина сепак се откажа од резиденцијата на кралското семејство Краѓорѓевиќ, само знаеме дека тоа била нејзина одлука, велат пријатели на фудбалерот, кои со нетрпение ги очекуваат поканите на кои ќе биде наведена точната локација за венчавката.

Наводно, двојката за овој најважен ден во нивните животи, закупила еден хотел во центарот на Белград.

Северина во потрага по совршен фустан

Северина пред две недели во Белград беше во потрага по совршена венчаница. Таа посети неколку ексклузивни ателјеа, а најмногу се загледа во моделите на престижните модни куќи и оние што излегле од работлниците на Вера Ванг и Оскар де ла Рента. Цената е вистинска ситница.

Деновиве Северина е во потрага по совршена венчаница. Секако, таа не сака било што. Со оглед на тоа што таа со текот на времето стана и модна икона, мора да го оправда тој статус и на нејзината венчавка. Најмногу ја заинтересираа фустаните на Вера Ванг, затоа што Оскар де ла Рента е премногу ограничен за нејзин вкус. Вера е престиж. Цените се движат од 1.500 до 3.000 евра. Во секој случај ако Севе не најде таква венчаница каква што сака, тогаш ќе ја нарача од странство, вели неименуван но добро упатен соговорник за Хеломагазин.рс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.