Северина денеска го слави 3-от роденден на синот

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ денеска го слави третиот роденден на нејзиниот син Александар кој го доби со српскиот бизнисмен Милан Поповиќ.

Таа на своите фанови на Инстаграм им ги раскажала наинтимните моменти и чувства кои ги имала ноќта кога на свет го донела својот син кој бескрајно го обожува и на кого му го посветува животот.

„Пред 3 години, Сплит беше под снег. Околу 10 часот утрото ми се јави и ме праша: Дали малиот Аца ќе излезе на мојот роденден?“, реков : „Би требало, тета Лепа, ама не му се излегува по овој снег, убаво му е внатре“ – „Едвај чекам да го видам, чувај ми се, Севе моја…“. Таа вечер сите отидоа порано да го слават роденденот на Томи. Заспав околу 21 часот. Докторите ме разбудија околу 21:40 и ми рекоа „Северина, време е“.

„На денешен ден се родени три, за мене, битни личности. Две преважни, мојата тетка Лепа, мојот Томица и најважниот, смислата за тоа што сум, мојот син“, напишала Северина на Инстаграм.

severina-dete-rodendan-foto-printskrin-instagram-1424426855-618584