Северина е бремена од синот на Кеба?

Српскиот пејач Драган Којиќ Кеба изјавил дека Северина можеби е бремена, а кога таа му се јавила на телефон среде емисија му рекла „дедо Кеба“, пишува српски Курир.

Познатиот пејач ги раскажал сите детали за односот меѓу Северина и Игор и како изгледала првата посета на сплитската пејачка во нивниот дом.

Тој открил дека неговиот син не сакал ништо да му каже за новата девојка. Само рекол дека игра во фолклорна група и дека често е во Загреб поради неа.

Кога Игор му најавил дека девојката ќе дојде во посета на Северина и ставил маска на лицето.

-На вратата влегува Игор и влегува Северина. Му реков: Игоре, зар ова е скриена камера? Само се смееше, раскажува Кеба.

-Не може мене ништо да ме изненади пријатно или непријатно. Имам доволно искуство и години. Изборот на мојот син е избор на неговото срце. Тој го има мојот благослов. Исрено се сакаат, а се останато е во божји раце. Се уверив дека станува збор за вистинска љубов. Северина е прекрасна личност и голем уметник, вели Кеба.

Тој додава дека прво бил шокиран, притоа нагласувајќи дека Игор е личност која не можеш да не ја сакаш.

Кеба исто така додава дека Северина можеби е бремена, бидејќи кога му се јавила на телефон му рекла „дедо Кеба“.

-Добро вечер дедо, рекла Северина. Морам да ти кажам најзгоден си. Морам да те прашам, каде го стави киндер јајцето, прашала Севе.

-Шокиран сум, ми рече дедо, рекол Кеба.

-Кога Наташа и Игор беа мали првиот подарок им беше киндер јајце и никогаш не биле радосни како за тој подарок. Не знам што мислеше Северина, раскажал Кеба.