Северина ги откажа концертите: Tреба да се оперира?!

Поради здравствени концерти хрватската пејачка Северина откажала два концерти. На нејзината официјална страница на Фејсбук објавено е дека концертите се одложени поради проблемите со гласните жици на пејачката, и дека наскоро ќе бидат објавени новите термини.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, сплитската пејачка лекарите ја советувале да го чува гласот, а таа сè уште не одлучила дали ќе оди на операција или не.

Северина и пред девет години поради здебелување на гласните жици била во болница и тогаш била оперирана. Закрепнувала три недели, а во текот на 14 дена не смеела да зборува.