Магазин

Северина го откри она што сите не интересира

Северина го откри она што сите не интересира

Северина е вистинска дива на која мажите и се восхитуваат, а жените и завидуваат. Голем број обожаватели се прашуваат: Дали постои некој посебен во нејзиниот живот?

Ако можеме да судиме според нејзините профили на социјалните мрежи, оваа пејачка со заводлива става и глас ужива во животот. Празниците ги помина заедно со синот Александар на скијање. Додека редовно ги известува своите обожаватели во Регионот за секојдневните активности, сите се прашуваат едно: Дали Севе има време за мажи?

Во неодамнешното интервју таа откри дека моментално во животот е сконцентрирана на други работи.

– Има некој кому му се допаѓам, но моментално не сум расположена, одговори таа.

Исто така, таа гордо изјави дека секогаш себе си ќе се става на прво место и дека ќе се бори за своето.

– Никогаш никого не сум го провоцирала прва, дури ни во училиштето кога се шегуваа со мене заради името Северина. Тогаш сакав да бидам Ивана, Тамара, појаснила таа за српски Курир.