Магазин

Северина и Игор ги канат гостите во Белград со видео порака

Северина и Игор ги канат гостите во Белград со видео порака

Северина и Игор ги канат гостите во Белград со видео порака. Гостите со недели чекале да ги повика некој од тимот на Северина и да им врачи покани за прослава на венчавката помеѓу Северина и Игор, но младенците во последен миг се предомислија.

Наместо со класични покани, Северина (43) и Игор Којиќ (28) се одлучија да ги изненадат поканетите.

Тие направија компилација од своите најдобри интимни фотографии и од црковната венчавка во гратчето Бала на Истра, пренесува порталот 24сата.хр.

Белградската прослава на венчавката ќе биде на 22-ри ноември. Младенците за свадбата ќе потрошат 52.000 евра. Меѓу поканетите се и Лепа Брена и Слободан Живојиновиќ, први соседи на семејството Којиќ во Белград. Ќе настапат Саша Матиќ и Министарке, со кои Северина направи дуети…

Претходно Северина и Игор потпишаа предбрачен договор. За ова повеќе на следниот линк.