Интервјуа

Северина: Изгубив едно дете, нема да го изгубам и ова! (ВИДЕО)

Северина: Изгубив едно дете, нема да го изгубам и ова!   (ВИДЕО)

Хрватската пејачка Северина Којиќ, во емисија на RTL зборуваше за борбата околу старателството над синот Алексндар.

„Мислам дека не е време за молчење, како и секоја мајка која се бори за старателство за своето дете, велам дека институциите не си ја вршеа својата работа. Јас постојано се водев по тоа дека молчењето е злато, за да го заштитам своето дете, но сега знам деа морам да зборувам за да го заштитам синот“, вели Северина, на прашањето зошто се одлучила јавно да зборува околу спорот со поранешниот сопруг, Милан Поповиќ.

Кога одлучив засекогаш да одам од таа врска, а потоа ми објаснија дека сум била изложена на психичко малтретирање, тогаш тој ми се закануваше дека ќе ми го загрози животот. Дека ќе зборува во медиумите за мене. Мислев дека е само лут, но ми кажа дека ќе ми го земе детето, раскажува Северина, додавејќи дека Поповиќ, до третата година на Александар, не го видел синот 18 месеци.

На суд кажа, Поповиќ изјавил: „Mислев дека во првата година од животот на синот не му е потребен маж“.

„Да се зборува за заедничко родителство, а да не се учествува во него, се два пара на ракавици“, изјави Северина.

Таа вели дека била „досадна мајка“ и му праќала пораки на Поповиќ бидејќи тој ги пропуштил „првиот заб и првите чекори“ на синот

„Не е работата во тоа дали ќе останам без детето, туку дали детето ќе остане без мајка“, вели Северина, која исто така се пожали на работата на Центарот за социјални работи.

Кога Милан Поповиќ во еден момент 13 дена не го врати детето кај мене, тогаш апелирав кај Центарот, од каде што ми кажаа самата да појдам по детето. А, тогаш бев во ситуација да не се изложувам на стрес бидејќи одев на вонтелесно оплодување. Отиде мојата мајка, а тој не сакал да и го даде детето. Морав да разговарам сополиција. Дури кога му кажале дека ќе поднесат пријава протв него, го врати детето. Секако, поради стресот го изгубив детето, но ова немам намера да го изгубам“, кажа Северина, во интервју на RTL.