Магазин

Северина на два степени по сандали се прошета низ Скопје

Северина на два степени по сандали се прошета низ Скопје

Хрватската пејачка синоќа настапуваше на предновогодишна забава во Скопје за една приватна фирма. Северина го искористи тоа што се најде во Центар и излезе да се слика на мостот Око.

severinaaa_2

Без разлика што беше подготвена и облечена за настапот, со боси нозе, сандали и кусо здолниште, Севе позираше за „Инстаграм“ и на 2 Целзиусови степени, колку што вчеравечер беа измерени во главниот град.