Северина нема да може да го гледа синот 200 дена годишно

Според информации во хрватските медиуми, судот донел одлука дека пејачката Северина 200 дена во годината не може да го види синот, а во оној период додека е со таткото, таа смеела да му телефонира еднаш дневно и тоа во 20 часот. Наводно, ако му се јавела во 20.03, веќе не ќе можела да разговара со него затоа што така би ја прекршила привремената мерка.

Адвокатскиот тим на пејачката ќе се жалел на оваа одлука. Се надевале дека до средината на јули судот ќе ја отфрлел оваа привремена мерка.

Засега една седмица живее со мајката, а една седмица со таткото.

– Не е вистина дека Северина го изгубила старателството над детето, иако тоа се тврди во таблоиди преполни невистина. Вистината е дека е донесена мерка што е вон сите законски прописи и кои не би ги коментирал – изјавил менаџерот на пејачката, Томислав Петровиќ.

Милан Поповиќ не сакал да ги коментира написите за донесена привремена мерка.

– Не сакам да коментирам ниту еден судски процес што го водам додека не се донесе конечна пресуда – рекол Поповиќ, кој во досегашните медиумски изјави силно се залагал за рамноправно старателство како единствено решение за здраво одгледување на детето и дека на секое дете му требаат мајка и татко.

Поповиќ наводно и барал на суд тој самостојно да ги застапува интересите на детето, бидејќи му пречело што Северина на социјалните медиуми објавувала фотографии од Александар.