Северина нова сопственичка на порталот Индекс.хр

Епилогот од деветгодишниот судски случај на Северина против порталот кој од 2004 година ги објави фотографиите од нејзиниот домашен порно филм,  е што Северина е нова сопственичка на еден од најчитаните портали во Хрватска www.index.hr.

Како што јавуваат медиумите таа извојува неверојатна судска победа во Државниот завод за интелектуална сопственост. По правосудното решение, кое според Јутарњи лист настапило на 5 јануари, судските вештаци ќе ја проценат вистинската вредност, а Северина својата отштета ќе ја наплати по продажбата на логото „индекс“ на јавна аукција.

Судскиот епилог има две разршениви или овој бренд ќе го купи некој друг заинтересиран купувач или пак Индекс ќе остане во сопственост на Северина.