Северина објави книга со пикантерии зад сцената

„Северина Добредојде во клубот-Backstage” на авторката Ведрана Васиќ е новата книга во која што се забележани интересни моменти од зад сцената, на  последната турнеја на познатата  хрватската пејачка.

Освен како врвна пејачка и професионалец, во книгата Северина ќе ја запознаете како личност од крв и месо, ранлва жена која и кога и е најтешко не се предава од зацртаните планови и цели. Ќе ја заознаете вистинската Северина преку зборувањата  на нејзините најблиски соработници: кореографи, танчери, фризери, тренери….
Таа за оваа книга вели дека насловната страница на книгата е снимена во сплитската aрeна, во импровизирана гардероба до бината.

„Мислам дека Дајана ме фотографираше со мобилен, као гледам колку луѓе има во салата. Сплит беше последниот град на турнејата, која во целост ја следеше Ведрана Васиќ, која ги запишуваше и фотографираше сите моменти позади сцената, мислејќи дека тоа на некој ќе му биде интересно… И навистина е интересно, но кога нешто работиш не размислуваш за тоа. Оние кои работат со мене ме сакаат, иако поради мене завршуваат во болница, па потајно ми ги спалуваат костимите и ме вртат додоека не го изгубам центарот за ориентација… Ако ве интересира што зборувам додека се преслекувам, слободно читајте… Беше тоа многу добра турнеја, ќе видите по сликите. Има многу фотографии и многу љубов зад сцената.  Ведрана ти благодарам многу, иако не зам со што го заслужив тоа…“, вели Северина.

33