Северина се плаши дека некој ќе го киднапира нејзиниот син

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ вчера наполни 43 години.  Таа вели дека многу е исплашена за сигурноста на нејзиниот син Александар. Него го следат некои чудни луѓе, па таа стравува дека е можно да го киднапираат.

seve_sin

-Веќе со месеци се носам со притисоците откако минатата година се откри дека преку адвокатско здружение се ангажирани некои чудни луѓе да го следат мојот малолетен син, а можеби и уште некои членови на моето семејство. На почетокот бев во шок, а подоцна само ми растеше траумата дека се возможни разни манипулации и разни интереси со кои може да се влијае на поединци од полицијата, вели Северина.

Таа сака само да дознае кои и зошто ја следи и зошто го снимаат нејзиното дете.