Северина сослушана во полиција

Откако во хрватскиот неделникот „Национал“ е објавено дека Јосип Клем, со месеци ја следел Северина и нејзиниот малолетен син, реагираше и нејзиниот менаџер, Томислав Петровиќ, пишува српски „Блиц“.

Менаџерот на Северина Вучковиќ бара јавно извинување од Вељко и Гордана Миљковиќ, бидејќи нарачале следење на пејачката и нејзиниот син Александар. По повод тој случај, Северина неодамна е сослушана во полиција, а нејзиниот менаџер сега бара да признаат во чие име тоа го направиле.

– Адвокатите Вељко и Гордана Миљевиќ нарачале следење на Северина и на нејзиното, тогаш двегодишно дете, кои поради тоа претрпеле сериозни трауми. Такво нешто да направите на мајка и на мало дете, тоа едноставно за мене е несфатливо, посебно кога тоа го прави едно такво угледно, адвокатско друштво. Госпоѓо и господине Миљевиќ, треба да се засрамите. Со ова ве повикувам јавно да и се извините на Северина, на нејзиното дете и на нивните блиски поради страдањата кои поради вашите дела ги претрпеле. Со ова ве повикувам на надлежнитеа државни институции да им признаете по чиј налог и со која цел тоа сте го правеле. Државните институции ги замолувам овој случај да го испитаат до крај за мајката и детето повеќе да не се грижат за својата сигурност – стои во соопштението на Томислав Петровиќ, долгогодишен менаџер на Северина.

Кон средината на минатата година, Северина пријавила во полиција дека непознати мажи го следат и фотографираат нејзиниот син Александар. Таа завчера во загрепската полиција на сослушувањето наводно навела дека „непознатите мажи ги изнајмил нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ“.

Дека некој го следи и фотографира малиот Александар прва забележала дадилката на Александар, додека со него шетала на игралиштето. Подоцна таа се и пренела на Северина и на нејзиниот менаџер Томица, кој успеал да ги сними сомнителните мажи.