ФОТО: Северина во прегратките на светска ѕвезда

Популарната Северина објави фотографија на која е во прегратките на светска ѕвезда. Со оваа фотографија балканската поп дива ги изненади своите бројни фанови.

Пејачката веќе долго време ужива во врската со својот 15 години помлад вереник Игор Којиќ, а љубовта за него често ја покажува и на социјалните мрежи.

Северина во прегратките на светска ѕвезда
Северина во прегратките на светска ѕвезда

Сепак, нејзините обожаватели вчера беа изненадени од неочекуваната фотографија, на која намесо со Игор Севе е во прегратките на друг маж. Таа се фотографирала заедно со светската музичка ѕвезда Дејвид Моралес, со кого настапија на Телеком музичкиот хепенинг во Скопје.

-Работи силно, забавувај се уште посилно, напиша пејачката до објавената фотографија и веднаш собра голем број лајкови од обожавателите, а како Игро ќе реагира на оваа фотографија, останува да видиме.