Северина во потрага по совршена венчаница во Белград

Хрватската поп ѕвезда Северина во потрага по совршена венчаница. Таа деновиве во едно модно ателје во Белград проба венчаници од светски славната креаторка Вера Ванг.

Без разлика на тоа што Северина Вучковиќ и Игор Којиќ сеуште незнаат каде ќе ја организираат свадбата, откако не успеаја да го добијат Бели двор, пејачката барем знае каква венчаница сака. Таа деновиве интензивно трага за совршен фустан, затоа што на крајот на краиштата, целиот настан се врти околу „невестата и венчаницата“.

Северина во потрага по совршена венчаница
Северина во потрага по совршена венчаница

Северина посети неколку ексклузивни ателјеа, а најмногу се загледа во моделите на престижните модни куќи и оние што излегле од работлниците на Вера Ванг и Оскар де ла Рента. Цената е вистинска ситница.

Деновиве Северина е во потрага по совршена венчаница. Секако, таа не сака било што. Со оглед на тоа што таа со текот на времето стана и модна икона, мора да го оправда тој статус и на нејзината венчавка. Најмногу ја заинтересираа фустаните на Вера Ванг, затоа што Оскар де ла Рента е премногу ограничен за нејзин вкус. Вера е престиж. Цените се движат од 1.500 до 3.000 евра. Во секој случај ако Севе не најде таква венчаница каква што сака, тогаш ќе ја нарача од странство, вели неименуван но добро упатен соговорник за Хеломагазин.рс.

Ноември, односно датумот кога е закажана венчавката се ближи, а Севе ќе се погрижи и за изгледот на Игор.

Игор воопшто нема да заостане зад невестата, завршува изворот.

Северина: Мислам дека жените се венчаваат само за да облечат венчаница
Северина: Мислам дека жените се венчаваат само за да облечат венчаница

Иако досега била пет пати верена и еднаш замалку беше српска снаа, овој пат по се изгледа Севе навистина ќе се омажи. А што таа мисли за свадбата и венчавките, таа објасни пред неколку години.

Мислам дека жените се венчаваат само за да облечат венчаница. Јас веќе неколку пати ја облекував и ја соблекував, рече таа своевремено.