Свет

Северна и Јужна Кореја ги продолжија преговорите

Северна и Јужна Кореја ги продолжија преговорите

Северна и Јужна Кореја ги продолжија преговорите на највисоко ниво, со цел избегнување на вооружен судир на Корејскиот Полуостров, по заострувањето на односите помеѓу двете земји во четвртокот.

Северна и Јужна Кореја ги продолжија преговорите

Разговорите зад затворени врати во пограничното село Панунџом започнаа вчера, брзо по истекот на ултиматумот од Пјонгјанг до Сеул да прекине со емитување на прекугранична пропаганда, продолжија денеска во осум часот изутрина по средноевропско време. Маратонската преговарачка средба во саботата траеше до длабоко во ноќта и беше прекината е во раните утрински часови без конечен договор.

Северна Кореја во полна борбена готовност
Северна Кореја во полна борбена готовност

На разговорите присуствувале четири делегати, по два од двете страни, вклучително советници за национална безбедност на јужнокорејската претседателка и човекот што се смета за втор човек зад севернокорејскиот лидер Хван Понг Соа.

Севернокорејската народна армија, на наредба на лидерот Ким Џонг Ун, се наоѓа во полна вооружена и борбена готовност, а Министерството за надворешни работи на Пјонгјанг денеска предупреди дека ситуацијата се наоѓа на раб на војна и дека е тешко да се контролира.

Северна Кореја во полна борбена готовност
Северна Кореја во полна борбена готовност

Кризата на Корејскиот Полуостров настана откако неодамна Јужна Кореја преку 11 звучници започна да емитува програма, што содржи најнови вести од корејскиот полуостров и од светот, како и емисии во кои се фали демократијата и економскиот раст на Сеул во однос на репресивната политика на Пјонгјанг. Сеул одбива да ја исклучи пропагандата се додека Пјонгјанг не се извини за експлозијата на мини овој месец во кои двајца јужнокорејски војници, кои биле на патрола, се тешко повредени. Северна Кореја ги отфрла обвиненијата за експлозиите.