Северна и Јужна Кореја повторно се во иста временска зона

Северна Кореја веќе е во иста временска зона со Јужна Кореја, јави севернокорејската новинска агенција КЦТА. Агенцијата додаде дека промената на времето е првата практична мерка за забрзување на процесот на обединување на Северот и Југот по историската трета средба на врвот меѓу двете држави минатата недела.

Воспоставувањето на иста временска зона на Корејскиот полуостров беше договорено на разговорите меѓу јужнокорејскиот претседател Мун Џе­ин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг­ ун на 27 април во пограничното место Панминџон.

До 2015 година Северна и Јужна Кореја со децении беа во иста временска зона, се додека Пјонгјанг не одлучи да воведе своја зона и ги врати стрелките за 30 минути назад во однос на Сеул.

Денеска во 23 часот и 30 минути по локално време, стрелките на часовниците во Северот беа поместени за половина час напред.