Северна Ирска го забрани плаќањето за секс

Плаќањето за секс е забрането во Северна Ирска, која е првата британска територија која ја воведе оваа одредба.

Пионери во оваа законодавна пракса се скандинавските земји.

Огромно мнозинство политичари од двете заедници во Северна Ирска – протестантската и католичката – се обединија и гласаа за поддршка на предлог законот за трговија со луѓе и за сексуални услуги, што е подготвен уште од средината на минатата година.

Велика Британија и многу земји од ЕУ го почитуваат легалниот карактер на проституцијата, а во исто време ги криминализираат повеќето дејности што се поврзани со неа, вклучувајќи ги јавните куќи и нудењето сексуални услуги.

Шведска, Норвешка, Исланд, а сега и Северна Ирска, одлучија дека корисниците на сексуални услуги вршат криминал, но не и проститутките.

Ваков сличен закон се разгледува и во Ирска.

Според донесениот закон, плаќањето за секс во Северна Ирска ќе се  казнува со затвор до една година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.