Северна Кореја ги отфрли преговорите за нуклеарната програма

Северна Кореја ги отфрли преговорите за нуклеарната програма
Северна Кореја ги отфрли преговорите за нуклеарната програма

Северна Кореја ги отфрли новите преговори за својата нуклеарна програма, одбивајќи ги разговорите за ова прашање со Јужна Кореја и САД, и повика истовремено на мировен договор со својот јужен сосед.

Севернокорејското Министерство за надворешни работи соопшти дека било какви преговори за нуклеарната програма на земјата не можат да се најдат на преговарачка маса додека договорот потпишан на крајот од конфликтот меѓу двете Кореи во 1953 година не биде заменет со целосен и сеопфатен мировен договор.

Американскиот претседател Барак Обама претходно изјави дека Вашингтон е подготвен да соработува со Северна Кореја, но предупреди дека Пјонгјанг прво треба да се откаже од своето нуклеарно оружје.