Северна Кореја го поддржува отцепувањето на Шкотска

Северна Кореја е богата со природни извори, а ние го сакаме вкусот на шкотското виски. Со самото тоа и двете земји можат да имаат голема корист, вели Кван Ил, уредникот на севернокорејскиот весник Чосон Синбо.

Една недела пред историскиот референдум за независност, шкотската Владапредводена од Алекс Салмонд доби поддршка од Ким Јонг Ун, во своето настојување да се осамостои, пишува Дејли меил.

Откако проруските сили во Украина исто така ја поддржаа независноста на Шкотска, оваа најнова поддржка сигурно нема да му ја олесни работата на премиерот Салмонд кој напорно работи на тоа како да го достигне недостатокот од 6 отсто во корист на противниците за отцепување.

Чо Кван Ил, уредникот во весникот Чосон Синбо, изјави за британски Телеграф дека смета дека независноста би била многу позитивна работа за Шкотска.

„Мислам дека секој човек има право да биде дел од независна нација, да има суверенитет, да живее во мир и да биде единка. Верувам дека поголем дел од Шкотите го мислат истото и дека ќе ја изгласаат независноста“, вели Кван Ил.

Тој додава и што очекува по прогласувањето на независноста.

„Со независноста ќе се постигне поголема размена на производи и ќе се овозможат големи деловни прилики. Северна Кореја е богата земја со природни извори, а ние го сакаме вкусот на шкотското виски. Со самиот овој факт и девете земји можат да имаат голема корист“, додава Кван Ил.