Свет

Северна Кореја и САД се судрија на форумот за разоружување

Северна Кореја и САД се судрија на форумот за разоружување

Северна Кореја во вторникот објави дека поседува „моќно и сигурно“ нуклеарно оружје со коешто може да се спротистави на секој напад, истовремено обвинувајќи ги САД дека распоредуваат воена опрема во нејзина близина под изговор дека ја гарантираат безбедноста на Зимските олимписки игри кои се одржуваат во јужнокорејски Пјонгчан.

„Опасно е негативно да се влијае врз многу позитивната атмосфера којашто владее во меѓукорејските односи…, а таквото однесување би можело да доведе до екстремна фаза на судирот“, изјави Хан Тае Сонг, севернокорејскиот амбасадор при Обединетите нации.

Јужнокорејскиот претседател Мин Јае-ин во понеделникот изјави дека „затоплувањето“ на односите меѓу двете Кореи пред одржувањето на Зимските олимписки игри е извонредна можноста за САД и Северна Кореја , како и дека би требало да биде искористена за дебата за севернокорсјките програми за вооружување.

Северна Кореја разви нуклеарна и технологија за проектили што е во спротивност со резолуциите на Советот за безбедност при ОН, истовремено постојано заканувајќи им се на САД и Јапонија коишто ги обвинува дека сакаат да извршат инвазија на нејзина територија и да го соборат режимот во Пјонгјанг.

Амбасадорот Хан во говорот одржан на конференцијата на ОН за разоружување во Женева изјави дека нуклеарните тестови изведени минатата година на неговата земја ѝ овозможиле да ја усоврши нуклеарната сила на транспарентен начин.

„Конечно Северна Кореја поседува моќно и сигурно оружје“, изјави дипломатот на форумот во Женева.

„Горд сум што можам да кажам дека нуклеарното оружје на Северна Кореја е способно да ја сузбие секоја нуклеарна закана од САД и претстава можно средство за одвраќање коешто ги спречува САД да започнат авантуристичка војна“, рече Хан, додавајќи дека Пјонгјанг нема намера да ја злоупотреби својата нуклеарна сила. „Тоа би можело да се случи единството во случај непријателските сили да ги повредат нејзините интереси и ли суверенитетото“, додаде.

Американскиот амбасадор претставник во дискусиите за разоружување, Роберт Вудс изјави дека „СД нема да ја признаат Северна Кореја како држава која поседува нуклеарно оружје“. „Доколку Северот сака да се врати и да биде во милост на меѓународната заедница, знае што треба да стори, ора да преземе чекори кон денуклеаризација на Корејскиот полуостров“, рече американскиот дипломат.